Постои ли воопшто? Среќа секако, но некако многу условена. Тоа е заемен однос на две суштества во кој едниот не го гуши другиот и не зависи слепо од другиот. Се случува ослободување на она нашето вистинско јас кон другата личност, кое инаку поради стегите на егото не е толку изразено. Всушност, љубовта према другиот е еден вид просветлување, но многу условно, бидејќи е потребен друг за тоа, потребен е конкретен бог. Постои ли ментален развој на двајца кога се во врска или се е само искуство што треба да послужи човек да научи да живее максимално исполнето пред се сам со себеси?