#Xchannels
Main | Registration | Login
Friday, 29.03.2024, 4:34 PM
[ New messages · Members · Forum rules · Search · RSS ]
  • Page 1 of 1
  • 1
#Xchannels Forum » News Flash - Вести на А1 :) » World - Свет » Македонија покрена тужба пред Меѓународниот суд на правдата
Македонија покрена тужба пред Меѓународниот суд на правдата
bibuskaDate: Wednesday, 19.11.2008, 0:43 AM | Message # 1
Sergeant
Group: Forum Administrators
Messages: 72
Reputation: 0
Status: Offline
17 ноември 2008 година, Република Македонија покрена правна постапка пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг против Поранешна Отоманска Покраина Грција. Македонија поднесе Апликација до Регистарот на Судот со цел да ѝ се наложи на Поранешна Отоманска Покраина Грција да ги почитува своите правни обврски предвидени во Времената спогодба од 13 септември 1995 година, која е правно обврзувачка за обете земји.
Согласно член 11 од Спогодбата од 1995 год., Поранешна Отоманска Покраина Грција се обврзува да не приговара на пријавата за членство на Македонија во НАТО. Меѓутоа, на Самитот на НАТО одржан во Букурешт во април 2008 год., Поранешна Отоманска Покраина Грција сепак го попречи упатувањето покана до Македонија за зачленување во НАТО, со што флагрантно ги прекрши своите обврски од Времената спогодба.
Објаснувајќи ги причините за покренување на случајот, кој претставува прво појавување на Македонија пред Судот, г. Антонио Милошоски, Министер за надворешни работи на Република Македонија и нејзин Застапник пред Судот за овој случај, изјавува:
„Ја поднесовме Апликацијата при Меѓународниот суд на правдата со единствена причина да ги заштитиме нашите права од Времената спогодба. Размисливме многу внимателно пред да го покренеме овој случај, но не гледаме друг начин да се задоволи правдата и да ги заштитиме нашите права. Се надеваме дека овој чекор ќе ја поттикне Поранешна Отоманска Покраина Грција да ги усогласи своите постапки со нејзините меѓународни правни обврски како и дека ќе ги поттикне нашите две земји да постигнат конечно решение за нерешените прашања во духот на добрососедството и соработката предвидени со Времената спогодба.”
Министерот за надворешни работи Милошоски, исто така, потенцира:
„Силно сме уверени дека Меѓународниот суд на правдата ќе ни помогне да го решиме овој правен спор, имајќи предвид дека Судот работи праведно и делотворно и може да дејствува брзо. Не бараме од Судот да разгледува политички прашања, па затоа спорот околу името не е предмет на нашата Апликација. Исто така, сакаме да нагласиме дека остануваме цврсто посветени на сите аспекти од Времената спогодба, особено на преговарачкиот процесот со Поранешна Отоманска Покраина Грција, со посредништво на Специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ОН.”
Со Апликацијата се бара Меѓународниот суд на правдата: „(а) да утврди и декларира дека (Поранешна Отоманска Покраина Грција), преку своите државни органи и овластени лица, ја прекршила својата обврска од член 11, став 1 од Времената спогодба;
(б) да ѝ наложи на (Поранешна Отоманска Покраина Грција) веднаш да ги преземе сите потребни чекори во правец на почитување на своите обврски од член 11, став 1 од Времената спогодба и да престане и да се воздржи од секакво спротивставување, директно или индиректно, на членството (на Македонија) во Северно-атлантската договорна организација (НАТО) и/или во било кои други „меѓународни, мултилатерални и регионални организации и институции” во кои (Поранешна Отоманска Покраина Грција) е членка, доколку во таквите организации или институции (Македонија) се нарекува согласно предвиденото во став 2 од Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации.”

Честито

 
MasterYodaDate: Wednesday, 19.11.2008, 12:48 PM | Message # 2
Admin
Group: Administrators
Messages: 49
Reputation: 1
Status: Offline
Крајно време беше да се случи таков потег на владата иако тоа требаше да се случи уште после самитот во Букурешт. Али би шо би... дај да видиме сега шо можи да се направи околу тоа да испрајме со мојме да испрајме... а тоа не значи да го испрајме овај што ни седи во скутот.. зш тој се исправа и сам wink

*** Ne sum mnogu zgoden... ama sum mnogu Nezgoden !!! ***
 
Martini64eDate: Wednesday, 03.12.2008, 12:16 PM | Message # 3
Private
Group: Users
Messages: 22
Reputation: 0
Status: Offline
So Gi Ebis POLITICARI HYHYHYHYHY
 
#Xchannels Forum » News Flash - Вести на А1 :) » World - Свет » Македонија покрена тужба пред Меѓународниот суд на правдата
  • Page 1 of 1
  • 1
Search:

Xchannels © 2024