#Xchannels
Main | Registration | Login
Monday, 28.05.2018, 0:25 AM
[ New messages · Members · Forum rules · Search · RSS ]
  • Page 1 of 1
  • 1
#Xchannels Forum » Fun - Забава » Mens corner - Машко катче » Од што мажите највеќе се плашат во кревет?
Од што мажите највеќе се плашат во кревет?
bibuskaDate: Saturday, 15.11.2008, 11:55 AM | Message # 1
Sergeant
Group: Forum Administrators
Messages: 72
Reputation: 0
Status: Offline
Сте запознале згодна девојка со која одлично ви оди и наредниот голем чекор е - нормално, сексот. Сакате да се покажете во најдобро светло и да и пружите незаборавно доживување, но за жал - стравот и тремата го прават своето. Нервозни сте, се сомневате во своите способности и се плашите од најлошото. Што доколку тотално потфрлите во кревет и ја разочарате и неа и себе?

Негативниот пристап обично резултира и со неповолен развој на настаните. Затоа, мислете позитивно и опуштете се. Првиот секс со некоја личност создава одреден притисок и станувате исплашени, па лесно им дозволувате на комплексите да земат замав и да ве претворат во исплашен зајак. Доколку страдате од недостаток на доверба, уште полошо. Комплексот од мал пенис, стравот од прерана ејакулација или стравот дека можеби нема да и овозможите експлозивен оргазам само ќе го поткопаат вашиот перформанс. Затоа, опуштете се, мислете позитивно и во никој случај не дозволувајте вашата големина како маж да ја одредува големината на пенисот.

Премал пенис

Просечната големина на пенисот изнесува 16,5 сантиметри во ерекција. За жал, вие сте под просекот, ве фаќа нервоза и не би сакале таа да го види бидејќи сеуште живеете со верувањето дека големината е најбитна.

На некои жени многу поважна им е магијата која ја создавате со вашето "магично стапче" отколку неговата должина. Доколку знаете како да задоволите жена и да и пружите незаборавно доживување, големината е споредна работа. Потрудете се за време на предиграда, а за време на нејзиниот тек најверојатно и ќе заборавите на големината на својот пенис. Во тој момент и на неа и е најмалку битна.

Прерана ејакулација

Статистиките велат дека најголемиот број од мажите можат да издржат две до три минути "чист секс" пред да ејакулираат. Но, стравот од прераната ејакулација е еден од најчестите машки стравови и не постои маж на кој што тоа не му се случило.

Доколку сакате да го избегнете вашиот кошмар и да завршите пред да започне вистинската акција, најдобро е да ја избегнувате постојаната стимулација на пенисот. Комбинирајте го оралниот и вагиналниот секс или менувајте пози за пенисот да биде стимулиран од различни агли. Нормално, секогаш можете да земете и кратка пауза, па кога ќе почувствувате дека сте блиску до оргазмот, накратко престанете со дразнењето и почекајте малку да се "оладите", па потоа повторно тргнете во акција.

Се чувствувате виновен бидејќи не доживеала оргазам

Мажите се склони кон верувањето дека нивна вина е доколку жената не успее да доживее оргазам. Мора да се признае дека психичкиот притисок е голем, па многу мажи се сметаат како недораснати за таа задача.

Но, за женскиот оргазам во голем дел сепак најзаслужна е жената, и тоа првенствено бидејќи тој зависи од нејзиното расположение и опуштеноста. Нормално, за да го доживее и вие мора да се потрудите, а за да успеете да ја доведете до оргазам, потребно е добро да го познавате женското тело.

За да и пружите врвен оргазам, треба "ментално" да ја заведете. Делете и комплименти, создадете и положба која и одговара, допирајте ја бавно и нежно, а тие бавни допири полека ќе добиваат на интензитет и страст. Бидете креативни, користете ги прстите, јазикот и усните.

 
MasterYodaDate: Thursday, 27.11.2008, 1:25 PM | Message # 2
Admin
Group: Administrators
Messages: 49
Reputation: 1
Status: Offline
Нема за што да се плашам... јас сум над просекот tongue wink башка и не сум нервозен.... само уживам и се препуштам на стихијата... I go.... with the flow wink

*** Ne sum mnogu zgoden... ama sum mnogu Nezgoden !!! ***
 
#Xchannels Forum » Fun - Забава » Mens corner - Машко катче » Од што мажите највеќе се плашат во кревет?
  • Page 1 of 1
  • 1
Search:

Xchannels © 2018