#Xchannels
Main | Registration | Login
Sunday, 18.11.2018, 0:08 AM
[ New messages · Members · Forum rules · Search · RSS ]
  • Page 1 of 1
  • 1
Forum moderator: MasterYoda  
#Xchannels Forum » Computers, Technology and Internet - Компјутери , Технологии и Интернет » Audio, Video and Photo Technology - Аудио, Видео и Фото технологија » Digital Surround audio - Дигитален сараунд аудио комплет
Digital Surround audio - Дигитален сараунд аудио комплет
MasterYodaDate: Friday, 21.11.2008, 6:22 PM | Message # 1
Admin
Group: Administrators
Messages: 49
Reputation: 1
Status: Offline
Logitech X540 5.1 Speakers

Во последно време на пазарот се појавија еден мал милион различни производители на аудио опрема и за оние понеупатените навистина е многу тешко да направат вистински избор покрај сите тие марки да го одберат вистинскиот квалитет за сопствените пари. Затоа јас ќе издвојам малку од сопственото време и ќе ви претставам неколку модели на 5.1 популарно наречени сараунд звучници со цел да ви го олеснам малку вашиот избор и да ви скратам време на нервирање што да купите. Во овој пост ќе ви ги претставам накратко звучниците на добро познатиот производител на аудио и компјутерска опрема Logitech кој со своите 25 години искуство во досегашното работење на светскиот пазар се покажа како исклучително квалитетен.

Уште на самиот старт се среќавате со силното лого и слика на звучниците спакувани квалитетно и функционално.

Изглед на пакетот

Пакетот го содржи:

- subwoofer-от
- сателитите
- далечинскиот управувач (кој што не е со премногу долг кабел но сепак функционален ако сакате да го користите во близина на вашиот компјутер)
- аудио кабли

Технички спецификации на системот:
- Реална целосна моќност: 70 watts RMS
- Сателити: 45 watts RMS (2 x 7.4W преден, 15.4W централен, 2 x 7.4W заден)
- Subwoofer: 25 watts RMS
- Максимална снага: 140 watts
- Опсег на работна фреквенција: 40 Hz - 20 kHz

Тестовите на овој аудио комплет покажаа и го потврдија високиот квалитет и при играње на компјутерски игри каде што FPS игрите претставуваат вистинско реално доживување, и при гледање на DVD филмови. Цената од околу 70 EUR не претставува висока во однос на реалниот квалитет на комплетот звучници. Истите можете да ги најдете во повеќето големи Аудио и Компјутерски компании на македонскиот пазар. Се на се ова се навистина квалитетни звучници кои што сигурен сум дека радо би ги имале во сопствениот дом.


*** Ne sum mnogu zgoden... ama sum mnogu Nezgoden !!! ***
 
#Xchannels Forum » Computers, Technology and Internet - Компјутери , Технологии и Интернет » Audio, Video and Photo Technology - Аудио, Видео и Фото технологија » Digital Surround audio - Дигитален сараунд аудио комплет
  • Page 1 of 1
  • 1
Search:

Xchannels © 2018