Насловот веќе доволно кажува за темава, но сепак ... значи, дали може кога е присутна љубовта помеѓу двајца партнери да настане монотонија во врската? Дали мислите или од искуство знаете дека е тоа нормална ситуација во една подолга врска или па според вас тоа е само доказ дека всушност не се сакаат партнерите туку нивните поранешни површни чувства преминале во навика која веќе почнува да се губи за да не остане ништо на крај?
И уште нешто ... дали сте ја користеле монотонијата како изговор при раскинување на врска (доколку мислите дека неможе да ја има заедно со љубовта) и дали ви прифатиле, а и дали вас ви го кажале истото и дали сте прифатиле дека е токму тоа проблемот?