Колку е сексот важен за одржување на љубовните врски? Дали би можеле да преминете преку „незадоволителниот секс” доколку постои љубов? Дали е во ред да се стави сексот на прво место а потоа чуствата? И ако е така дали треба да се практикува „прво пробај па после уживај”? Добар/а е, симпатичен/чна, шармантен/тна, интелегентен/на и ред други епитети... ве привлекува, се раѓа симпатија со прилично големи можности за љубов...
Се раѓа и љубов , а само со себе носи и искусување на она вистинското, „најубавото” - сексот со партнерот кој го сакате. Очекувате страста да ве води и да ви пружи незаборавни моменти но, тогаш сфаќате дека партнерот не ве задоволува „Недоречена љубовна врска” ..
Фактот што долгогодишни врски исполнети навистина со премногу љубов се разделуваат поради некомпатибилност во сексот повлекува многу прашања меѓу кои и каде е грешката?